
Оваа сезона на висока мода, коментирањето им го препуштаме на неколку немилосрдни критичари со префинет вкус и цели 3 до 8 години.
Дали и во твојот живот, како во филмовите, постојано оди музика во позадина? Ти недостига ли да потонеш во гласен, хипнотизирачки ритам додека танцуваш во мистериозната темница на омилениот клуб? Се возиш ли во лифт неколку пати нагоре-надолу за да ја слушнеш песната уште еднаш... па потоа само уште еднаш?
Не знам точно со какви чувства и очекувања резервирав посета на Casa Luis Barragán во 5 до 12 по речиси шест месеци самоизолација. Мала победа оваа година ми е тоа што лесно и непосредно добив термин во куќа-музеј каде обично се резервира неколку недели однапред. Огромна победа ми е успехот да ги напикам анксиозноста и стравот во мала црна ташна и да отидам на патување.
Без разлика дали претскажува судбини како мрачно-заводлива Шекспирова вештерка, игра еротски игри како џебна Венера со куклени очи, нѐ забавува на српски во „Реалисти“, ни го позајмува вокалот за Instagram приказни на @liftlift.mk, или пак живее некој сосема трет живот, Ивана Павлаковиќ има магнетна појава која доминира и на сцена и на екран и во реалноста.
Гламур. Луксуз. Звучни имиња. Заслепувачки светла (фала, U2). Изобилие на естетски уживања. Незаборавни забави. Искуства кои се случуваат еднаш во животот. Crème de la crème први редови. Екстравагантен шопинг со седум-цифрени трансакции. Вака изгледаше неделата на високата мода во Париз сѐ до јули 2020-тата.