А Б В ИСОКА МОДА

Во текот на 12 чудни месеци, зборот кој почнува на „п“, а кој веќе не сакаме ни да го изговориме, успеа да ја бутне високата мода неколку катови надолу и да ја истркала по дигиталните скалила.

Ако претходната сезона, есен 2020-та, имаше моменти кои беа фластер на раната што се отвори неколку месеци претходно, ова издание пак ја врати таа рана, продлабочена и уште поболна.

Неспособни да ги коментираме дизајнерските колекции кои беа претставени сезонава во ваква телесна состојба, топката им ја препуштаме на неколку немилосрдни критичари со префинети вкусови. Нивниот „што на ум, тоа на друм“ став полека нè враќа во живот.

Спомнавме дека членовите на стручното жири имаат меѓу 3 и 8 години?

Еве ги нивните коментари.

FENDI


ДЕА, 5 години

Убава ми е црната, зошто има светки.

МАТИЈА, 4 години

Лево дадичката е завиткана во комарник.

ЈОВАНА, 5 години

Би го носела во диско.

ИКЕР, 5 години

Црниот има дамки како црн гепард.

РЕГИНА, 3 години

Белото сакам мама да го носи.

ЏАСПЕР, 8 години

Не ми се свиѓа. Два изгледи, еден црн, еден бел, црно-бело, си одговараат, ама не ми се свиѓа.

АЛИСА, 8 години

Белото е како купачи со чизми. И црното е како облека за на плажа, опуштено.

ARMANI PRIVÉ


МАТИЈА, 4 години

Плавата дада е планета чуден Уран.

РЕГИНА, 3 години

Ми се свиѓа сукњата на плавиот затоа што е голема.

ИКЕР, 5 години

Синиот фустан е како море што се двои.

ДЕА, 5 години

Убава ми е сината, многу има долго такво. Другата така-така.

ЏАСПЕР, 8 години

Мислам дека темно-плавиот изглед е поубав од другиот, генерално ми е кул.

АЛИСА, 8 години

Ми се свиѓа сакото со проѕирната сукња. Провокативно, ама и формално. Фустанот е убав, ама многу е едноставен.

RONALD VAN DER KEMP


ИКЕР, 5 години

Девојката од десно личи како да боела нешто.

АЛИСА, 8 години

Ништо не ми се свиѓа. Само бањарката на мажот.

МАТИЈА, 4 години

Лево баткото има дунде.

ЈОВАНА, 5 години

Лудачи.

ЏАСПЕР, 8 години

Не ми се свиѓа.

РЕГИНА, 3 години

Ова е грдо.

МАКСИМ, 6 години

Батково ми личи како со големи нозе. Па златно… ми се допаѓа. Се разбира, јас не би ги носел овие облеки.

ALEXANDRE VAUTHIER


РЕГИНА, 3 години

Ми се свиѓа сребреното за да си го носам по дома.

ЈОВАНА, 5 години

Едно е мама, а едно е тато.

ИКЕР, 5 години

Едната девојка јадела црни шпагети, а од другата тече злато.

МАТИЈА, 4 години

Десно е со сребрени еденки.

ДЕА, 5 години

Имаат линии доле!

АЛИСА, 8 години

Ми личи на водопад.

VALENTINO


ИКЕР, 5 години

Девојката десно спие на слама.

АЛИСА, 8 години

Ми се свиѓа златното, ама многу е златно.

МАТИЈА, 4 години

Жолт Куала Лумпур.

ДЕА, 5 години

Ми се свиѓаат и двете.

ЏАСПЕР, 8 години

Што е ова? Зошто ѝ е обоено лицето? Да и не, ми се свиѓа, ама не ми се свиѓа.

ЈОВАНА, 5 години

Ова ми е малку страшно. Такво лице има.

CHANEL


ЏАСПЕР, 8 години

Ми се свиѓа, многу е едноставно и комплицирано во исто време. Бојата е многу едноставна, а дизајнот е комплициран. Совршен е, ми се свиѓа.

ДЕА, 5 години

Има пуфи пуфи!

МАТИЈА, 4 години

Како Силјан штркот со виткани палачинки.

ЈОВАНА, 5 години

Ова ми е баш убаво.

ИКЕР, 5 години

Ми личи на цвет.

ANTONIO GRIMALDI


ИКЕР, 5 години

Личат на птици со малку пердуви.

ЈОВАНА, 5 години

Виолетовата најмногу ми се свиѓа, а црната е со боцки.

РЕГИНА, 3 години

Омилена боја ми е виолетова.

ДЕА, 5 години

Ова ми се свиѓа, зошто има pink.

АЛИСА, 8 години

Ми личи на бањарка со пердуви од паун.

МАТИЈА, 4 години

Виолетовата дада е како виолетова мапа.

GIAMBATTISTA VALLI


АЛИСА, 8 години

Многу се проширени и сунѓерести фустаните.

ИКЕР, 5 години

Девојката во црвено е Мексиканка.

ЈОВАНА, 5 години

Овие ми се малку така луди.

МАТИЈА, 4 години

Црвената е како птица, како страшен петел.

РЕГИНА, 3 години

Црвениот личи на цветче.

IRIS VAN HERPEN


ДЕА, 5 години

Иу е!

МАТИЈА, 4 години

Виолетовата дада личи како виолетов гулаб.

РЕГИНА, 3 години

Уште цветчиња. А ова се женски? Во синиот фустан е машко.

ИКЕР, 5 години

Последната ми личи на птица, а другите две на цветови што се отвораат и затвораат.

АЛИСА, 8 години

Многу личат на птици вторите две, а првиот на цвет.

SCHIAPARELLI


АЛИСА, 8 години

Ништо не ми се свиѓа. Розевиот фустан е чуден, сѐ е чудно. Ноктиштата се предолги.

МАКСИМ, 6 години

Човеков ми личи на фустан! Голема глава, не постои толкава?! Навежбан е. Златниот човек мислам дека би живеел во кралство. Ова е како индиска облека, нешто така ми изгледа.

РЕГИНА, 3 години

Многу е грдо.

ИКЕР, 5 години

Уф, многу е грдо розевото. Како некој маж. Последната девојка се претвора во злато.

ЈОВАНА, 5 години

ХА ХА ХА ХА ХА! Розевиот ми е смешко.

МАТИЈА, 4 години

Розевата дада, розев Хулк. Сите три чудни дадички, не ги сакам.

ДЕА, 5 години

Розевото е смешно. Тоа со ноктите е таман.


Оригинални фотографии: Vogue Runway