БОЖЕСТВЕН СТИМУЛИФТ

Во обид да му пркосиме на творечкиот пекол низ кој поминуваме веќе година дена, а кој сигурно го делиме со сите кои се занимаваат со некоја од уметностите, решивме да создадеме систем за стимулација на креативниот мускул.

МУЗИКА ВО ЛИФТ

Дали и во твојот живот, како во филмовите, постојано оди музика во позадина? Ти недостига ли да потонеш во гласен, хипнотизирачки ритам додека танцуваш во мистериозната темница на омилениот клуб? Се возиш ли во лифт неколку пати нагоре-надолу за да ја слушнеш песната уште еднаш... па потоа само уште еднаш?

ДАРЈА НЕБЕСКА

Од време на време, животот прави магија и сместува одредена личност таму каде што совршено припаѓа. Пример за тоа е Дарја Ризова.

ВЛЕГУВА МЕДУЗА ВО ЛИФТ…

Oваа серија смели разговори во ЛИФТ е поттикната од приватни преписки на тема мода, убавина и феминизам, за кои мора да се дискутира јавно и тоа сега. Во походов, здружуваме сили со Калиа и Ена од феминистичката платформа МЕДУЗА и дуплираме број на пипала за да притиснеме што повеќе копчиња.

MIES BARCELONA

Отсекогаш ме привлекувале аномалии и исклучоци. Многу често, нештата кои се навидум наопаку ми се далеку поинтересни од вообичаеното.

Мала црна ташна, голема црна дупка

ЛИФТ теоријата е дека сите чувства, а особено неубавите, можат уредно да се здиплат и да се сместат во фино дизајнирана, мала, компактна ташна. Делува многу полесно да се рефлектира за душевната состојба кога секоја емоција е на дофат на рака.

PASTA ALLA LIFT

Накитот е моќен медиум за изразување на индивидуален став, стил, припаѓање на одреден естетски култ или рефлектирање на некое моментално расположение. Ако се прашуваме ние, особено е корисен и за приготвување на специјалитети од визуелен тип, а за такви задоволства сме гладни постојано.

Дома со… Игор Марков

Ова не е само „Дома со... Игор Марков“. Ова е трејлер за The MARKOV Show и фин поглед во раскошната изолација на креаторот на нашата омилена вечерна облека. Во карантин со МАРКОВ безделничиме, но тоа го правиме најгламурозно што можеме, на кадифен кауч, облечени во црно, листајќи колекционерски модни книги и списанија, слушајќи мека, но моќна музика и гледајќи серии стриктно за мафијата или за аристократијата. Звучи добро? Продолжете надолу.

Дома со… Елена Чемерска

Карантинот на впечатливата Елена Чемерска делува исто толку апстрактно колку и нејзината уметност. Изолацијата на Елена е двокатна, поделена на време дома и време во ателје. Нејзиното преубаво студио исполнето со преубава светлина, не само што ни делува како идеална сценографија за добар едиторијал, туку и ни буди желба да ги истражуваме сите навидум несредени, но очигледно подредени предмети, книги, четки, бои и парчиња уметност расфрлани насекаде низ просторот. А после овој фин разговор, едвај чекаме да седнеме со Елена и прописно да се расприкажеме и во реалноста.