
Ако изразувањето преку глума и танц дава посебен вид слобода, Наталија Теодосиева го поседува најслободниот дух што некогаш сме го сретнале.
Не знам точно со какви чувства и очекувања резервирав посета на Casa Luis Barragán во 5 до 12 по речиси шест месеци самоизолација. Мала победа оваа година ми е тоа што лесно и непосредно добив термин во куќа-музеј каде обично се резервира неколку недели однапред. Огромна победа ми е успехот да ги напикам анксиозноста и стравот во мала црна ташна и да отидам на патување.
Без разлика дали претскажува судбини како мрачно-заводлива Шекспирова вештерка, игра еротски игри како џебна Венера со куклени очи, нѐ забавува на српски во „Реалисти“, ни го позајмува вокалот за Instagram приказни на @liftlift.mk, или пак живее некој сосема трет живот, Ивана Павлаковиќ има магнетна појава која доминира и на сцена и на екран и во реалноста.
Casa Gilardi е последниот проект на мексиканскиот архитект и инженер Луис Бараган кој денес, покрај тоа што е дом, е и музеј во Мексико Сити за сите оние кои бараат дела, а не зборови. Со оглед на тоа дека за него знам и како архитект ми се допаѓа уште од времето кога можноста некогаш да посетам некој негов објект се чинеше малку нереална, ова искуство беше посебно, интимно и во најмала рака необично...