Дома со… Игор Марков

 

Ова не е само „Дома со… Игор Марков“. Ова е трејлер за The MARKOV Show и фин поглед во раскошната изолација на креаторот на нашата омилена вечерна облека. Во карантин со МАРКОВ безделничиме, но тоа го правиме најгламурозно што можеме, на кадифен кауч, облечени во црно, листајќи колекционерски модни книги и списанија, слушајќи мека, но моќна музика и гледајќи серии стриктно за мафијата или за аристократијата. Звучи добро? Продолжете надолу.

 
 

 

Мојот живот по дома изгледа…

Како реално шоу, мислам дека би било интересно да се проследи. Би сакал да можам да кажам дека бев екстра продуктивен изминатиов период, меѓутоа вистината е дека претежно го изминав во кревет, гледајќи ТВ-серии. Сепак успеав да го задржам континуитетот во физичката активност со приватни тренинзи во домашни услови (благодарност до мојот тренер Огнен Бражански).

Носам…

Најголемиот дел од времето само долна облека и памучна блуза (исклучиво црни).

Слушам…

Секогаш, во секое време и секакви услови првенствено Sade, а моментално и Norah Jones, Adele, Sam Smith, John Legend, Seal & Juanes. Исто така припремам и правам селекција за MARKOV – ultimate unapologetic bitch плејлиста! 

Гледам…

Имам проблем, гледам сѐ! Aма препорачувам Killing Eve, а доколку има некој што како на мене му промакнала до сега The Sopranos, под итно да се фати за далинското!

Читам…

Како екстремно визуелна личност повеќе листам отколку што читам. Ги прегледувам старите изданија на Vogue, Architectural Digest и The World of Interiors од мојата долгогодишно градена архива на која сум екстремно горд. Исто така препрочитувам некои лесни, комерцијални книги, дела поврзани со пронаоѓање и осознавање, давање смисла на сопствената спиритуалност. Конечно започнав детално да читам едно енциклопедиско издание за египетска култура од чиешто префинето, декоративно културно наследство сум фасциниран. Издание, кое пред неколку години го набавив при посета на Египетскиот музеј во Берлин (каде што впрочем и се наоѓа бистата на Нефертити).

Пијам…

Се трудам да пијам по една лимонада на ден, две кафиња (без шеќер и млеко) и друго ништо освен вода.

 
 

 

Готвам…

Не готвам ако можам. Доставата e мојот спасител.

Витамини / суплементи кои ги земам секој ден…

Не користам никакви суплементи.

Мојата домашна канцеларија изгледа…

Посредено и подредено од било кога.

Кога ќе осетам анксиозност, ме смирува…

Туширање или WhatsApp разговор.

Од светот надвор, ми недостига…

Јас сум конзумент по природа и ќе бидам искрен и кажам продавници, ресторани за вечери, барови за пијачки.

 
 

 

Нов ритуал ми е…

Редовно трчање на кеј.

Ме инспирира…

Инспирацијата е мистична, кај мене се јавува како флеш, а тригер може да биде било што.

Feel-good филм ми е…

Notting Hill, го обожавам, дали тоа значи дека сум многу романтичен, иако не сакам никој да знае или уште помалку да признаам? Тhe Great Gatsby новата верзија исто така ја обожавам.

Последна добра серија која ја изгледав е…

The Sopranos. Belgravia доколку сте опседнати со аристократија, кодекси на однесување, општествени класи, незаборавна костимографија и сценографија.

Карантин не звучи така лошо со…

Leo DiCaprio, Cate Blanchett & JLo! Харизмата на Leo, интелигенцијата на Blanchett и хуморот на ЈLo – совршено.

 
 

 

Меме на кое се згазив од смеење периодов…

Ова.

Последно нешто што сочував од Инстаграм…

Ова.

За бегање од реалноста, одам на Инстаграм профилот на…

@markov_style.

Guilty pleasure Инстаграм профил ми е:

@thefatjewish.

Turn off на Инстаграм ми е…

Било што, а да не е fashion related. Fashion makes my world spin.

 
 

 
 

ФОТОГРАФИИ // Отстапени од Игор Марков за ЛИФТ