Дома со… Ивана Мојсовска

 

Ден во карантин полесно се преживува со многу уметност, хумор и по некоја пијачка… Овој пат виртуелно сме дома заедно со уметницата Ивана Мојсовска.

Мојот живот по дома изгледа…

Kако вечно да е пролет. Преполн со цвеќе, музика, уметност, лесна храна и ладна пијачка приквечер.

Носам…

Црвен кармин скоро секогаш.

Слушам…

Бормашина некаде на трети спрат, а инаку сакам фанк.

Гледам…

Да не ја скршам вагата во овие тешки времиња.

Читам…

Два света од Руми во моментов.

Пијам…

Вода, кафе без шеќер и млеко, вино и виски.

Готвам…

Здрав вегански сникерс.

 
 

 

Витамини/суплементи кои ги земам секој ден…

Масло од диво оригано во лажичка маслиново, и тоа на гладно.

Мојата домашна канцеларија/студио изгледа…

Премногу хаотично. Буквално пливам во списанија, исечоци од глави, згради, улици и цртежи кои ако имаат среќа дента ќе бидат врамени.

Кога ќе почувствувам анксиозност ме смирува…

Разговор со сестра ми за да ми каже „Ивана, ништо не ти е, ајде диши и олабави се, ќе ти помине“.

Од светот надвор ми недостига…

Шанк и друштво.

Нов ритуал ми е…

Па ќе го издвојам овој најактуелниов, СЕДАМ ДОМА.

Ме инспирира…

Скопје пред и по полноќ.

Feel-good филм ми е…

The King’s Speech.

 
 

 

Последна добра серија која ја изгледав е…

Sex Education.

Карантин не звучи така лошо со…

Рири, ама па не ми се готви со неа некако.

Последно нешто што го сочував од Инстаграм…

Тетоважава.

Меме на кое се згазив од смеење периодов…

Ова.

За бегање од реалноста, одам на Инстаграм профилот на…

Settings, држам јако на Turn Off Notifications, да не ми кидне „недајбоже“, и влегувам во друга димензија.

Guilty pleasure Инстаграм профил ми е…

@јeffmahannah, генијален хумор.

Turn off na Инстаграм ми е…

Кога си скролам во News Feed и ќе налетам на спонзориран пост од некој баџо во излижан џинс потпрен на жолто кавасаки, или од млада бела хеланка во невозможна поза.

 
 

 

ФОТОГРАФИИ // Отстапени од Ивана Мојсовска за ЛИФТ