ДОМА СО… ЈОВАНА ФИЛИПОВИЌ

Единствената естетика на Јована Филиповиќ се чувствува во сѐ околу неа, од нејзината мода, до кориците на книгите кои одбира да ги чита. Дефинитивно ја додаваме на нашата листа на луѓе со кои карантин не звучи воопшто лошо, а ова се причините зошто…

Мојот живот по дома изгледа…

Како да сум земала слободна година и сум решила да ја посветам на сите работи на кои до сега не сум имала време. Приватно и професионално…

Носам…

Тренерки (во сите бои на сиво), пењоари иии да, пижами. Од време на време знам да облечам нешто подотерувачки за ручек или вечера во соседната соба… 🙂

Слушам…

Радио. Имам неколку омилени радија кои си ги пуштам зависно од расположението. А последните неколку недели доста слушам и поткасти, најчесто поврзани со моменталната ситуација во светот на модата.

Гледам…

Серии. Моментално сум навлечена на Тhe Good Fight и Westworld.

Читам…

Една од добрите работи на седењето дома е што конечно имам време да читам сè што сакам. Книги, списанија, блог постови и сл. Денот ми почнува со читање на Business of Fashion, потоа се префрлам на некои од постарите изданија што ќе ги најдам низ дома на Self Service Magazine, Enscens, Homme Magazine, Unconditional и сл. Вечерта знам да ја завршам со книга и вино.

Пијам…

Вино. Коњак. Вино. Коњак (или по обратен редослед).

Готвам…

Со оглед на тоа дека готвењето ми е пасија, а воедно и ме смирува, пробувам секој ден да готвам различни и нови јадења. Чаша вино, финa музика и добри саат, два во кујна ми се A MUST деновиве.

Витамини / суплементи кои ги земам секој ден…

Betaimune, Beta Glucan, Serrapeptase, Ester – C.

Мојата домашна канцеларија изгледа…

Минималистички. Смирувачки. Неконвенционално.

Кога ќе осетам анксиозност, ме смирува…

Готвење. Вежбање. Љубов.

Од светот надвор, ми недостига…

Фамилијата! Студиото. Времето поминато таму, работењето на нова колекција. Колегите. Најблиските пријатели. Необавезниот доручек со нив и разговорите на различни теми или пак аfterwork пијачки кои се претвораат во долга и убава вечер.

Нов ритуал ми е…

15-20 минутна медитација скоро секој ден.

Ме инспирира…

Ме инспирираат луѓето околу мене. Тишината на градот. Книги. Емоции. Чувства.

Feel-good филм ми е…

Thomas Crown Affair (all time favorite).

Последна добра серија која ја изгледав е…

Тhe Good Wife и The Witcher.

Карантин не звучи така лошо со…

Phoebe Philo.

Меме на кое се згазив од смеење периодов…

Има многу. Ама проблемот е што ги заборавам инстантно штом ќе ги прочитам. 🙂

Последно нешто што сочував од Инстаграм…

Последната насловна на Vogue Italy. Iconic!

За бегање од реалноста, одам на Инстаграм профилот на…

@rosiehw, @ignant, @giorgiatordini, @juliepelipas, @annemariekevandrimmelen, @travelandleisure иии многу, многу други…

Guilty pleasure Инстаграм профил ми е…

@minimalistbaker LOL.

Turn off на Инстаграм ми е…

Шшшш…

ФОТОГРАФИИ // Отстапени од Јована Филиповиќ за ЛИФТ