ДОМА СО… ЈОВАНА

 

Мојот живот по дома изгледа…

И јас би сакала да знам како изгледа. Сѐ ми е некако како во магла.

Носам…

Сѐ што поседувам што е три броја поголемо и по некој пар фармерки кога имам видео состаноци.

Слушам…

Плејлистите на Clairemarie Astruc Rutledge и на The Attico на Spotify, многу миксови и многу поткасти.

Гледам…

Сѐ и сешто, како и вообичаено. Тон филмови и серии, сите „Une Fille, Un Style“ видеа на YouTube каналот на Vogue Paris, видеата на Alexa Chung, рандом влогови, видеата на NOWNESS…

Читам…

Списанија, списанија и уште списанија… онлајн и офлајн. Сѐ што ми останало непрочитано во bookmarks. Леандра Медин на Man Repeller. Исто така, само што ја завршив Becoming на Мишел Обама, па се мислам што следно да фатам.

Пијам…

Два литри чаеви дневно, вода, едно-две кафиња, чаша некаков алкохол…

Готвам…

Ретко, ама правам killer smoothies.

 
 

 

Витамини / суплементи кои ги земам секој ден…

Good ol’ витамин C, матична млеч и витамин A во последно време.

Мојата домашна канцеларија изгледа…

Исто како и мојата спална.

Кога ќе осетам анксиозност, ме смирува…

Вежбање или чаша некаков алкохол или време.

Од светот надвор, ми недостига…

Моите, пешачење, патувања, музеи, ресторани, кафиња, уште патувања, вечери и излегувања со луѓе што ги сакам, играње во диско (без да размислувам за тоа како сум можела некогаш да пијам директно од чаша во клуб).

Нов ритуал ми е…

Вежбање наутро и чај од свеж ѓумбир.

Ме инспирира…

Различна мала и различна голема работа во различен момент. Од навидум неважни детали, како сцена во Better Call Saul, потег со четка во некоја слика, некаква фотка низ фидот на Инстаграм, до работи од огромна важност, како другарка ми Нела која работи во болница во Њујорк во ова време.

Feel-good филм ми е…

Blade Runner ако сум за нешто епско од визуелен аспект, Runaway Bride или Pretty Woman ако сакам нешто тотално ванила со Џулија Робертс и некој Ocean’s ако ми се гледа Бред Пит како јаде низ цел филм.

 
 

 

Последна добра серија која ја изгледав е…

Третата сезона на Ozark. Не можеш да не ги сакаш Марти и Венди, сопруг и сопруга кои перат пари за картел, а имаат имиња како ланци на ресторани за брза храна.

Карантин не звучи така лошо со…

Алисија Викандер и Мајкл Фасбендер, Зои Кравиц, Лео ди Каприо, Рајан Гослинг и се разбира Гвинет Палтроу за да ни прави распоред на health & wellness активности секој ден.

Меме на кое се згазив од смеење периодов…

Ова, ова и ова.

Последно нешто што сочував од Инстаграм…

Ова на Дејвид Шригли.

За бегање од реалноста, одам на Инстаграм профилот на…

@styleheroine, @chriscolls, @wolfcubwolfcub, @bottegaveneta, @giorgiatordini.

Guilty pleasure Инстаграм профил ми е…

Во моментов, @rumineely, @mvb и @rosiehw.

Turn off на Инстаграм ми е…

Бескрајно репостирање на stories, објавување на фотки без credit.

 
 

 

Исто така…

Играм игрици како Tetris и Plants vs Zombies и секој ден се прашувам зошто уште немам PlayStation или Nintendo Switch и после ми текнува дека (1) трошам пари на еден тон други работи и (2) немаше да постои ЛИФТ ако имав.

Пешачам во кругови низ двор за да се раздвижам и да им го потврдам мислењето на соседите дека сум посебен случај.

Го гледам сторито на Џејк Џиленхал како облекува маица додека прави стој на раце 29 пати по ред.

Го гледам видеото на Џесика Алба за British Vogue во кое ја објаснува нејзината рутина за убавина 65 пати по ред, ја барам направата што ја користи за затегнување на кожа и се чувствувам подобро што некој што изгледа како неа чисти лице и шлапа креми исто толку грубо како мене.

Се мислам од што сѐ треба да се ослободам за да се осетам „полесно“.