ДОМА СО… КАТАРИНА ИВАНОВСКА

 

Денес сме дома со Катарина Ивановска, супермодел, супермама и нашата муза сега и засекогаш. Нејзиниот живот во изолација изгледа отприлика вака…

Мојот живот по дома изгледа…

Максимално исполнето, од плачки до хистерично смеење (two kids).

Носам…

Baggy sweatpants.

Слушам…

Joyce Sims – Come Into My Life.

Гледам…

Не гледам ТВ, освен „Бушава Азбука“ и „Дајте Музика“ со Вања.

Читам…

Сапиенс од Јувал Ноа Харари.

Пијам…

Monkey Shoulder.

Готвам…

Сѐ!

 
 

 

Витамини / суплементи кои ги земам секој ден…

Цинк, матична млеч, витамин C, магнезиум.

Мојата домашна канцеларија изгледа…

Вака.

Кога ќе осетам анксиозност, ме смирува…

Техника на дишење.

Од светот надвор, ми недостига…

Слободата.

Нов ритуал ми е…

Вежбање дома.

Ме инспирира…

Луѓето кои продаваат ЛИЦЕ В ЛИЦЕ. Поради пандемијата не можат да продаваат надвор, па со еден клик онлајн можеме да го купиме списанието и 50% од продажбата оди токму за нив.

Feel-good филм ми е…

Clueless.

 
 

 

Последна добра серија која ја изгледав е…

La Casa de Papel.

Карантин не звучи така лошо со…

Едриен Броди.

Меме на кое се згазив од смеење периодов…

Овa. 🙂

Последно нешто што сочував од Инстаграм…

Ова.

За бегање од реалноста, одам на Инстаграм профилот на…

@netaporter и @beautifuldestinations.

Guilty pleasure Инстаграм профил ми е…

@michelinguide.

Turn off на Инстаграм ми е…

Чорапи со Adidas папучи.

 
 

 

ФОТОГРАФИИ // Отстапени од Катарина Ивановска за ЛИФТ