ДОМА СО… ВАРЈА

 

Мојот живот по дома изгледа…

Романтично хаотично. Поминуваме многу време заедно, но истовремено е премногу време заедно.

Носам…

Што и да е соодветно за просечни 38 степени преку ден.

Слушам…

Мои плејлисти на Spotify на коишто има малку Џејмс Блејк, малку Росалиа, малку FKA Twigs, малку музика од 90ите на Мајкл Џексон, Мадона, Алија, Џорџ Мајкл и внимателно одбран регетон.

Гледам…

Видеа на Vogue, Goop, W Magazine и други слични канали на YouTube. Многу ми се интересни и оние со познати и не толку познати лица кои те водат на тура низ нивните домови.

Читам…

Стари списанија; имам толку многу што можеби потсвесно цело време сум се спремала за евентуален карантин. Кога и ако ми здосадат, ме чека Catch and Kill на Ронан Фероу.

Пијам…

Вода, нешто цедено, кафе, repeat.

Готвам…

Лесно, свежо и на брзина. Често готвам тестенини.

 
 

 

Витамини и суплементи кои ги земам секој ден се…

Витамин C, железо и капсули со колаген, биотин (B7) и хијалуронска киселина.

Мојата домашна канцеларија изгледа…

Тотално импровизирано затоа што пред ЛИФТ не постоеше. Се состои од лаптоп на маса, L’Officiel под маус и по некоја заборавена чаша со вода или кафе.

Кога ќе осетам анксиозност, ме смирува…

Mалку време сама, а често знам и вонредно да ги изнесам кучињата на шетање.

Од светот надвор, ми недостига…

Коњичкиот клуб, студиото за пилатес, аеродромите, рестораните, вистинските музеи и концерти затоа што во виртуелниве не уживам.

Нов ритуал ми е…

Релаксиран и елабориран појадок во нормално време, а не нешто на нога или во кола затоа што брзам некаде или нешто што треба да е појадок дури некаде пред пладне.

Ме инспирира…

Сѐ што ми е ново и поинакво, а примамливо и ми годи на око. Ако притоа има поента и оди подалеку од само визуелна сатисфакција, уште подобро. Ме инспирираат научници и креативци.

Feel-good филм ми e…

Marie Antoinette на Софија Копола.

 
 

 

Последна добра серија која ја изгледав е…

Waco, мини серија од 6 епизоди базирана на вистински настан. Oh my God.

Карантин не звучи така лошо со…

Сиена Милер, Мајкл Шенон, Џејк Џиленхал и Том Форд. Секако дека ќе се гледа Nocturnal Animals барем еднаш.

Меме на кое се згазив од смеење периодов…

Видео од еден дечко што 30 секунди прави совршена пируета бос на паркет, а над него само пишува Día 56.

Последно нешто што сочував од Инстаграм…

Видео со една коза што среќно рипка во плитки бранови на зајдисонце.

За бегање од реалноста, одам на Инстаграм профилот на…

@clairerothstein, @therow, @sarah_nait и @giorgiatordini.

Guilty pleasure Инстаграм профил ми е…

@erika_boldrin и @oliviavinten моментално.

Turn off на Инстаграм ми се…

Сите совршено curated профили во 50 нијанси на крем.

 
 

 

Исто така…

Си пробувам чевли сама пред огледало затоа што реално нема причина зошто да не.

Го дотрошувам парфемот што ми трае веќе предолго затоа што не ми е прв избор за излегување. Ниту втор.

Гледам и видеа од коњички спорт на YouTube, затоа што треба да знаеш и како да паднеш од коњ.

Се извежбав да свиткам суши рол за помалку од минута.

Ги гледам по ред сите милион сториња дневно на Леандра Медин и често помислувам дека после ова можеби е време за добар тапет во дневна.