ДОМА СО… ВАСЕ ДОКОВСКИ

Во паралелен универзум, со Васе сме на некоја добра локација – тој работи на совршена шминка, ние фоткаме и заедно создаваме некој badass едиторијал. Во реалноста, сите тројца сме сѐ уште по дома во изолација, па го прашавме што прави додека чекаме подобри денови за да се оствари горенаведеното сценарио.

Мојот живот по дома изгледа…

Многу слично на оној пред ситуацијава, енергично и со многу работни обврски кои сфатив дека можеле да бидат завршени и од дома. Btw, работните обврски ми немаат крај, иако си ги задавам сам.

Носам…

Долна облека и маичка по кратки или дуксер. Секогаш носам патики, па дури и дома. Не, не се истите патики кои ги носам и надвор. That would be gross.

Слушам…

Една песна на repeat, додека не ми се појави нов „хит“.

Гледам…

Документарци на Netflix. Не сум фан на серии со по 4 сезони, кои можеле да бидат снимени во филм од 2 часа.

Читам…

Периодов ме инспирира на personal development & growth. По втор пат ја читам/учам The Master Key System од Charles F. Haanel.

Пијам…

Вода и мојот guilty pleasure Coca Cola. Не пијам алкохол често.

Готвам…

Сѐ што сакам да јадам, знам да зготвам. Омилени ми се homemade fast food рецепти. За жал, сѐ уште конзумирам месо и многу сум добар во подготовка на истото.

Витамини / суплементи кои ги земам секој ден…

I keep it simple. Vitamin C, OMEGA 3, B-Complex.

Моето домашно студио изгледа…

Уживам да работам во организиран простор, но моментално сум во хаос бидејќи пола студио го донесов дома, а сега ќе морам да почнам да враќам сѐ назад.

Кога ќе осетам анксиозност, ме смирува…

Неколку вежби за дишење кои ги практикувам во таква ситуација, вежбање и позитивни афирмации со кои го започнувам секој ден.

Од светот надвор, ми недостига…

Дружби со моите најблиски луѓе и жената што ми помага со чистење дома. Првото морав да го спомнам.

Нов ритуал ми е…

Одмарање по 30 минути во текот на денот, за што предходно се лажев дека немам време во мојот распоред. Поради тоа, многу подобро спијам навечер и имам повеќе енергија за работа.

Се инспирирам од…

Амбициозни, успешни и упорни луѓе.

Feel-good филм ми е…

Charlie and the Chocolate Factory.

Последна добра серија која ја изгледав е…

Mindhunter беше супер.

Карантин не звучи така лошо со…

Инстаграмот на Britney Spears.

Меме на кое се згазив од смеење периодов…

@dancing_coffin_guys.

Последно нешто што сочував од Инстаграм…

Моментално работам на некои нови третмани кои се изведуваат во моето студио и сум опседнат со природни трепки и веѓи.

За бегање од реалноста, одам на Инстаграм профилот на…

Bella Hadid, there is nothing real there. Хаха

Guilty pleasure Инстаграм профил ми е…

@celebface.

Turn off на Инстаграм ми е…

My life is this room and this bed, nude блогерка style. Исто така, „Имам Chanel парфем“ сликан на бел чаршаф.

ФОТОГРАФИИ // Отстапени од Васе Доковски за ЛИФТ