Дома со… Венчо Милошевски

 

Стилот на работа на Венчо Милошевски, графички дизајнер и арт директор, ни привлече внимание затоа што е суптилен, малку романтичен и многу јасно дефиниран. Со него за мода, mellow естетика и тетоважи може да си зборуваме до бескрај, но одлучивме прво да го прашаме како си поминува по дома деновиве.

 
 

 

Мојот живот по дома изгледа…

Како многу време поминато во домашна адаптирана теретана/простор за работа/место за гледање филмови.

Носам…

Стари merch маички од концерти.

Слушам…

Nicolas Jaar, Blood Orange, Benny Revival и Nils Frahm.

Гледам…

Архивски парчиња на Grailed што не можам да си ги дозволам.

Читам…

Повеќе ствари истовремено, ама би ја издвоил Maison Martin Margiela во издание на Rizzoli со придонес од Жан Пол Готје. Книгата е уметничко дело со многу добар увид во самиот Мартин, филозофијата на брендот и колекциите направени во неговиот период.

Пијам…

Џин, секогаш.

 
 

 

Готвам…

Ригатони со лимон, путер и многу пармезан.

Витамини / суплементи кои ги земам секој ден…

Витамин B, C и A3, омега-3, пробиотици и whey протеин.

Мојата домашна канцеларија изгледа…

Како на фотката подоле.

Кога ќе осетам анксиозност, ме смирува…

Кафе и цигари.

Од светот надвор, ми недостига…

Теретаната.

 
 

 

Нов ритуал ми е…

Не верував порано дека ќе уживам да вежбам јога 3 пати неделно.

Ме инспирира…

Немам некоја посебна дефиниција за тоа што би рекол дека ме инспирира, но ми е ептен битно да бидам опкружен со работи коишто ќе ме мотивираат и инспирираат од естетски аспект. Би можело да се каже дека ме инспирираат сите форми на убаво.

Feel-good филм ми е…

Home Alone.

Последна добра серија која ја изгледав е…

Succession. Уште не можам да престанам да мислам на серијата.

Карантин не звучи така лошо со…

Дејвид Линч.

 
 

 

Меме на кое се згазив од смеење периодов…

Ова. И општо ми е омилено меме.

Последно нешто што сочував од Инстаграм…

Ова.

За бегање од реалноста, одам на Инстаграм профилот на…

@miragemagazine.

Guilty pleasure Инстаграм профил ми е…

@purienne.

Turn off на Инстаграм ми е…

Рекламите на секој трет пост или стори. Исто, луѓе што копираат или следат нечии стилови и начини на постирање.

 
 

 
 

 ФОТОГРАФИИ // Отстапени од Венчо Милошевски за ЛИФТ