МОКРО

Летото е тука и умот активно фантазира за бегство. Се буди жедта за возбуда која хибернирала со месеци, а ја гасат само ладни бранови и коктели во дебела сенка. Телото сака да впива витамин Д строго покрај вода. На кожата ѝ треба сол.

Сѐ што е потребно за вакво фино бегство е лесен куфер со облека која изискува нула напор за да се облече и соблече, пар сандали кои стојат на сѐ и неколку минијатурни парчиња кои најдобро изгледаат кога се целосно мокри.

Ставот на ЛИФТ е дека добриот костим за капење е цел изглед. Купачот е удобно оружје за плажа кое покрива и открива баш толку колку што треба и ги следи линиите на телото со ласкавост и прецизност.

Идеалниот костим за капење го сумира личниот стил, ја потковува самодовербата и дава чувство на неприкосновена слобода.

ПРЕД ДА ТРГНЕШ НА ПЛАЖА

Провери ги костимиве за капење кои ќе делуваат свежо и следните неколку лета.

Reina Olga

Totême

Yamamay

Paspul

The Attico

Yamamay

A’marie

Paspul

Rat & Boa

Asos

Stella McCartney

Cult Gaia