МУЗИКА ВО ЛИФТ

Дали и во твојот живот, како во филмовите, постојано оди музика во позадина? Се чувствуваш ли празно кога просториите не ти се исполнети со добар звук? Ти недостига ли да потонеш во гласен, хипнотизирачки ритам додека танцуваш во мистериозната темница на омилениот клуб?

Кога ќе слушнеш одредена песна, дали во истиот миг се транспортираш низ димензиите на времето до прецизно одредиште во минатото? Дали секое важно сеќавање ти е врзано со нумера? Имаш ли апетит за уште и уште добра музика? Заспиваш ли со слушалки? Се будиш ли притискајќи го play копчето? Се возиш ли во лифт неколку пати нагоре-надолу за да ја слушнеш песната уште еднаш… па потоа само уште еднаш?

Имаме чувство дека одговори со „да“ на барем едно од овие прашања… 🙂

Затоа, подолу те чекаат 6 списоци на песни од кои, веруваме, дека барем еден ќе те исполни со уживање и топлина. Потсети се на мелодии и зборови кои ги знаеш напамет и откриј нова музика со нас која ќе ја слушаш одново и одново, до стоти кат.

ПРИТИСНИ PLAY ЗА ДИСКОКОТКАЊЕ

Почни пролетна афера која ќе ти го отвори умот и која нема да сакаш да заврши.

ПРИТИСНИ PLAY ЗА РИТАМ И БЛУЗ

Наежи се од мудроста на најголемите R&B кралици на сите времиња и сети се на таа една работа која незамисливо те возвишува.

ПРИТИСНИ PLAY ЗА ЖЕШКИ НУМЕРИ

Потсети се на песните кои ги собравме заедно пред некое време и потоа оди и искористи ги најдобро што можеш. Верувај ни. 😉

ПРИТИСНИ PLAY ЗА ТОПЛА ВОДА

Но и за црна вода, коктели, видео игри, совршени места, голотија, љубовници на паркинзи, кафеави очи и други [не]остварени копнежи.

ПРИТИСНИ PLAY ЗА ЕКЛЕКТИЧНА МЕЛАНХОЛИЈА

Обоена во техниколор, предизвикана од посебни времиња и места и дополнително засилена од сите тие диско лаги од минатото.

ПРИТИСНИ PLAY ЗА ПОП ИКОНИ

Помоли им се на светиците на популарната музика и изрази ја твојата благодарност за моќта која ти ја имаат дадено во разни фази од животот.

СЛЕДИ НÈ НА SPOTIFY ТУКА