PASTA ALLA LIFT

Накитот е моќен медиум за изразување на индивидуален став, стил, припаѓање на одреден естетски култ или рефлектирање на некое моментално расположение. Ако се прашуваме ние, особено е корисен и за приготвување на специјалитети од визуелен тип, а за такви задоволства сме гладни постојано.

Дома со… Васе Доковски

Во паралелен универзум, со Васе сме на некоја добра локација - тој работи на совршена шминка, ние фоткаме и заедно создаваме некој badass едиторијал. Во реалноста, сите тројца сме сѐ уште по дома во изолација, па го прашавме што прави додека чекаме подобри денови за да се оствари горенаведеното сценарио.

Дома со… Игор Марков

Ова не е само „Дома со... Игор Марков“. Ова е трејлер за The MARKOV Show и фин поглед во раскошната изолација на креаторот на нашата омилена вечерна облека. Во карантин со МАРКОВ безделничиме, но тоа го правиме најгламурозно што можеме, на кадифен кауч, облечени во црно, листајќи колекционерски модни книги и списанија, слушајќи мека, но моќна музика и гледајќи серии стриктно за мафијата или за аристократијата. Звучи добро? Продолжете надолу.

Дома со… Елена Чемерска

Карантинот на впечатливата Елена Чемерска делува исто толку апстрактно колку и нејзината уметност. Изолацијата на Елена е двокатна, поделена на време дома и време во ателје. Нејзиното преубаво студио исполнето со преубава светлина, не само што ни делува како идеална сценографија за добар едиторијал, туку и ни буди желба да ги истражуваме сите навидум несредени, но очигледно подредени предмети, книги, четки, бои и парчиња уметност расфрлани насекаде низ просторот. А после овој фин разговор, едвај чекаме да седнеме со Елена и прописно да се расприкажеме и во реалноста.

Дома со… Венчо Милошевски

Стилот на работа на Венчо Милошевски, графички дизајнер и арт директор, ни привлече внимание затоа што е суптилен, малку романтичен и многу јасно дефиниран. Со него за мода, mellow естетика и тетоважи може да си зборуваме до бескрај, но одлучивме прво да го прашаме како си поминува по дома деновиве...

Дома со… Ивана Мојсовска

Ден во карантин полесно се преживува со многу уметност, хумор и по некоја пијачка... Овој пат виртуелно сме дома заедно со уметницата Ивана Мојсовска.

Дома со… Јована Филиповиќ

Единствената естетика на Јована Филиповиќ се чувствува во сѐ околу неа, од нејзината мода, до кориците на книгите кои одбира да ги чита. Дефинитивно ја додаваме на нашата листа на луѓе со кои карантин не звучи воопшто лошо, а ова се причините зошто...

Дома со… Варја

Карантин не звучи така лошо со Сиена Милер, Мајкл Шенон, Џејк Џиленхал и Том Форд. Секако дека ќе се гледа Nocturnal Animals барем еднаш.

Дома со… Јована

Карантин не звучи така лошо сo Алисија Викандер и Мајкл Фасбендер, Зои Кравиц, Лео ди Каприо, Рајан Гослинг и се разбира Гвинет Палтроу за да ни прави распоред на health & wellness активности секој ден.