
Casa Gilardi е последниот проект на мексиканскиот архитект и инженер Луис Бараган кој денес, покрај тоа што е дом, е и музеј во Мексико Сити за сите оние кои бараат дела, а не зборови. Со оглед на тоа дека за него знам и како архитект ми се допаѓа уште од времето кога можноста некогаш да посетам некој негов објект се чинеше малку нереална, ова искуство беше посебно, интимно и во најмала рака необично...