PASTA ALLA LIFT

Накитот е моќен медиум за изразување на индивидуален став, стил, припаѓање на одреден естетски култ или рефлектирање на некое моментално расположение. Ако се прашуваме ние, особено е корисен и за приготвување на специјалитети од визуелен тип, а за такви задоволства сме гладни постојано.

Денес во нашата кујна, без многу размислување, експериментираме со впечатливи златни обетки, состојка за која сметаме дека е клучен додаток во рецептите за добар изглед.

God knows we loооооve pasta, па готвиме Pasta alla LIFT со неколку омилени пара златни обетки од нашите залихи, чиј рок на траење никогаш не истекува.

За Pasta alla LIFT ви е потребно следното:

 

– Впечатливи златни обетки –
(кружни, долги, во форма на спирала или полжави, колку понеобични – толку подобро)

– Минималистички црн топ, по можност со фино обмислени исечоци –

– (Не)уредна коса –

– Прстофат шминка –

– Доколку сте расположени, можете слободно да зачините со црвен кармин –

Начин на подготовка:

 

Облечете го црниот топ, додадете ја шминката и (не)уредната коса. Потоа, земете ги златните обетки и измешајте ги со останатите состојки додека не се соединат во вкусен изглед.

Сервирајте и уживајте!

Еве и неколку предлози за златни обетки кои одлично ќе функционираат во овој рецепт!

 

– MANGO Metal Pendant Earrings –

– MANGO Embossed Earrings –

– MANGO Asymmetric Earrings –

– ZARA Textured Hoop Earrings –

– ZARA Multi-Hoop Earrings –

– ZARA Engraved Dangle Earrings –

Bon Appétit!