СТОЛБОВИ НА СТИЛОТ

ФОТОГРАФИЈА: ЈОВАНА ЗУКА
СТАЈЛИНГ: ВАРЈА КУТЛЕШОВСКА И ЈОВАНА ЗУКА
ШМИНКА: ИГОР МАРКОВ
МОДЕЛ: ИВАНА ГЕЛЕВА @ ПОДИУМ

Пријатниот премин од неподносливи жештини во парализирачки студови и обратно во ова делче од планетата трае фрустрирачки кратко. Некој вид на утешна награда е тоа што се повторува два пати годишно. Една многу добра работа, пак, околу годишното време кое претстои е фактот дека е одлична шанса за брилирање во облекувањето во слоеви.

Тој процес звучи како забавен предизвик, но има тенденција да се претвори во мала облечи-соблечи паника, особено кога треба да се склопи изглед во пет до дванаесет. Веројатноста да се избегнат слични ситуации е поголема кога плакарот повеќе личи на полупразен моден храм отколку на натрупана модна фавела. А како и сите храмови, така и овој се потпира на основни, цврсти столбови, кои во модната индустрија се познати како „клучни парчиња“.

За овој едиторијал, фотографиран под сонце со последни светлечки сили, селектиравме клучни парчиња кои се толку добри сами по себе што во ЛИФТ ги носиме токму вака – полуразголено и смело. Во реалниот живот, овие парчиња се подлога за речиси сите наши изгледи.

МАНТИЛ КОЈ
МАМИ ПОГЛЕДИ

ФУНКЦИОНАЛНО
И ЕСТЕТСКО БОДИ

СИВ ЏЕМПЕР ЧИЕ ВРЕМЕ
НИКОГАШ НЕ ПОМИНУВА

ЛЕЛЕАВА КОШУЛА КОЈА ГАЛИ
ПОД СИТЕ ТИЕ СЛОЕВИ

ЦРНИ ПАНТАЛОНИ ЗА НОЗЕ
ДОЛГИ КОЛКУ ЗИМСКА НОЌ

ЦРНА СУКЊА КОЈА ПО
ПОТРЕБА ПОКРИВА ИЛИ ОТКРИВА

ЗЛАТЕН ЛОГО-БРОШ
ВО УЛОГА НА ОБЕТКА СО КАРАКТЕР


ОДБРАНИ КЛУЧНИ ПАРЧИЊА ЗА ВАС

The Frankie Shop

Mona

Saint Laurent

Agolde

Paige

Solid & Striped

Alyx NYC

Ninety Percent

The Frankie Shop

Mango

Semicouture

Veronica Beard