ВОВЕД

Добредојдовте.

Ова е ЛИФТ, two-woman show предводено од Варја и Јована, надополнето со внимателно одбрани, инспиративни гости. Овој едиторијал, фотографиран во октомври 2019 година, е визуелен вовед во тоа show и олицетворение на нашата естетика.

Со облека од нашите плакари, парчиња позајмени од нашите партнери, пар McQueen чевли кои можат да послужат и како ладно оружје, две ЛИФТ маички (склопени три дена претходно по модел на машки „рамбовки“), речиси непостоечка шминка и „туку што станав од кревет“ фризура, ова е сет фотографии кој го дефинира естетскиот тон на ЛИФТ и го отсликува нашиот пристап кон облекувањето. Дополнително, ја сумира тематиката која нѐ поврзува и ги навестува содржините од областа на модата, убавината и животниот стил кои допрва доаѓаат.

Истовремено, ја претставува и Миа, девојка чија посебност оди далеку подлабоко од прекрасниот физички изглед и чија појава е толку несекојдневна што прашање на време е кога ќе го привлече вниманието на модниот свет и надвор од тука.

Со оглед на тоа што ЛИФТ се темели на добар дијалог, оваа фото-приказна немаше да биде комплетна без разговор со Миа за состојбата на модата во Македонија. Како бонус, ја натеравме да одбере и дополни неколку работи…

Факти за Миа


Години: 18
Хороскоп: девица
Агенции: Models In во Скопје и Model Scouting Office во Белград
Планови за иднината: работа како модел во некоја светска метропола и студии по внатрешен дизајн

Q

Како е да се биде модел во Македонија? Колкава жртва бара манекенството? Има ли воопшто мода кај нас?

A

Да се биде модел во Македонија е интересна професија. Но, за да се биде успешен, како секаде во светот, така и кај нас, манекенството бара голема жртва и посветеност. Тоа подразбира постојано одржување и негување на телото и духот, а секако треба да постои баланс во исхраната.

 

Q

Каков е твојот стил надвор од сетот?

A

Лично негувам необичен стил на облекување и комбинирам парчиња кои го отсликуваат мојот карактер. Пробувам да изградам сопствен стил и не секогаш слепо ги следам модните трендови. Сакам да комбинирам црно со нијанси на сиво и бело, но знам некогаш да облечам и нешто необично, на пример розево или црвено парче облека.

Q

Чувствуваш ли стрес пред кастинг или некое многу важно сликање? Како се справуваш?

A

Искрено, секогаш е различно. Секако, на почетокот беа присутни тремата и стресот, но искуството си го прави своето и научив да се справувам со тие мали пречки.

 

Q

Имаме чувство дека ова општество сѐ уште не е подготвено за голотија во модата, барем не кога станува збор за домашната мода. Кое е твоето мислење?

A

Точно, да. За жал, живееме во средина каде што луѓето не размислуваат out of the box и не се подготвени да направат нешто различно од другите бидејќи се оптеретени со туѓото мислење. Нема ништо лошо во голотијата во модата сѐ додека испраќа силна порака.

Нема ништо лошо во голотијата во модата сѐ додека испраќа силна порака.

Q

Каде се гледаш за 10 години? Во светот на модата или имаш сосема други амбиции?

A

Манекенството и модата прават да се чувствувам среќна, своја и исполнета, така што за 10 години од сега дефинитивно се гледам во светот на модата.

На шанк или пред диџејот? Пред диџејот
Андрогинија или женственост? Женственост
Кејт или Наоми? Кејт
Каја или Кендал? Каја
RNB или RNR? RNB
Диско топка или пилатес топка? Диско топка
Вистина или предизвик? Предизвик
Маскара или кармин? Кармин
Хороскоп или совет од другарка? Совет од другарка
Коктел или чиста пијачка? Чиста пијачка
Boyfriend или boyfriend jeans? Boyfriend jeans 😂
Алисија Викандер или Мајкл Фасбендер? Мајкл Фасбендер
Alexander McQueen или Alexander Wang? Alexander Wang
Sex and the City или Sex или the City? Sex and the City
На рамно или на високо? На рамно
Онлајн или офлајн шопинг? Офлајн шопинг
Порака или повик? Порака
Едиторијал или ревија? Едиторијал
Карго панталони или skinny jeans? Карго панталони
Лифт или скали? LIFT!

Прво што правам кога ќе се разбудам наутро… Телефонот во рака и проверувам нотификации

Ме инспирира… Упорноста на луѓето со некоја попреченост, им се восхитувам затоа што докажуваат дека ништо не е невозможно

Песна на repeat ми е… Heaven – The Vision

Во Скопје најубаво се чувствувам во… Круг Café

Сон ми е да соработувам со… Virgil Abloh

Дизајнерско парче кое ептен сакам да го имам во моментов… Off-White Pre-Fall 2020, цела колекција!

За викенд надвор од Скопје задолжително пакувам… Средства за лична хигиена, лежерна облека и обувки, телефон, полнач, пасош и позитивна енергија

ФОТОГРАФИЈА // ЈОВАНА
СТАЈЛИНГ // ВАРЈА & ЈОВАНА