ЗА НАС

 

 

ЛИФТ е two-woman show — мода, стил, уметност и убавина од гледна точка на Варја и Јована.

Ова е проект модерно зачнат во бескрајни онлајн преписки низ кои стана очигледно дека, кога се работи за визуелното, постојано се среќаваме на ист кат. Поради тоа, неизбежно беше да го издигнеме нашето естетско пријателство на далечина во простор за содржина со суштина.

ЛИФТ е за нас и за сите истомисленици кои се во постојана потрага по инспирација, кои живеат за мода, кои не можат да замислат функционирање без дневна естетска стимулација и за кои стилот опфаќа многу повеќе од облека.

Ова е само почетокот… Take a ride with us.

 

МАНИФЕСТ

1

Во овој ЛИФТ, целиме кон квалитет, а не квантитет.

2

Имаме изградени стандарди и не се задоволуваме со ништо помалку.

3

Веруваме во себе и сме секогаш искрени, автентични и слободни во сѐ, па затоа, меѓудругото, понекогаш лекторираме, понекогаш не.

4

Следење на интуиција > следење модни трендови.

5

Почитуваме машка облека и веруваме дека треба да биде присутна во плакарот на секоја жена.

6

Во лифт и насекаде, секогаш применуваме добри манири.

7

Во разговори, а особено во оние кои се одвиваат во лифт, секогаш го имаме на ум правилото: let’s agree to disagree.

8

Никогаш не се споредуваме со други девојки и се натпреваруваме само со себе.

9

Веруваме во girl power и меѓуженска поддршка, па затоа секогаш го задржуваме лифтот кога девојка трча за да го фати.

10

На таа тема, лифт за фотки, скали за линија.

11

Почитуваме фотосесии во лифт и не ги прекинуваме.

12

Ја разбираме важноста на добро огледало и светло во лифт.

13

Се залагаме за повеќе долги огледала во лифтови.

14

Кога не се фоткаме, во лифт медитираме и дишеме длабоко, особено ако некој носи добар парфем.

15

Надолу гледаме само кога некој носи добри чевли.

16

Од одржлива мода, позајмување парчиња од парнерот / партнерката.

17

Од лифтинзи, само моден!

18

Од quickies, шминкање за 30 секунди во лифт.

19

Од време на време, offline > online.

20

Од горе-долу, преферираме горе.

21

Кога сѐ ќе тргне надолу, се качуваме во ЛИФТ.

22

Сосема е во ред да вриснеме или да се расплачеме во лифт.

23

What happens во ЛИФТ, stays во ЛИФТ.

24

Секогаш сме отворени за откривање нови места, брендови, луѓе, катови… и лифтови.

25

Сакаме мистерија, па никогаш не откриваме точно на кој кат одиме.